Ќе пловиме како велешките гемиџии, кои, во 19 век, стоката ја дистрибуирале со гемии до Солун. Петтиот ден од пловидбата треба да влеземе во делтата на реката Вардар, што е голем предизвик. Бевме неколкупати да ја проучиме патеката, ја познаваме ситуацијата. Во оваа делта, каде што Вардар се дели на осум краци, водостојот е многу низок, ќе имаме помош од грчките рибари да пловиме по вистинската патека. Треба да стигнеме до Солунското пристаниште. Ќе биде тешко по делтата на Вардар, оти е заштитена зона и не може да се користи возило, ако заглавиме тие 4 до 6 километри, мораме да ги весламе, нема помош од механизација и возила – истакна Ангелче Гушев, член на организацијата на „Вардарската регата 2026“

 

Годинава, Вардарската регата повторно ќе плови до Солун. Откако се обнови во 2010 година, желба на организаторот беше гемиите од Велес да пловат до Солун, и тоа ќе се оствари на 18 јуни, по трет пат. Организаторот, Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, најавува дека пловидбата ќе се реализира со помош на грчките извидници.

– Веќе по трет пат се оствари сонот на многу генерации велешки гемиџии и годинава повторно ќе пловиме до Солун. Ќе пловиме како велешките гемиџии, кои, во 19 век, стоката ја дистрибуирале до Солун со гемии. Петтиот ден од пловидбата треба да влеземе во делтата на реката Вардар, што е голем предизвик. Бевме неколкупати да ја проучиме патеката, ја познаваме ситуацијата. Во оваа делта, каде што Вардар се дели на осум краци, водостојот е многу низок, ќе имаме помош од грчките рибари да пловиме по вистинската патека. Треба да стигнеме до Солунското пристаниште. Ќе биде тешко по делтата на Вардар оти е заштитена зона и не може да се користи возило, ако заглавиме тие 4 до 6 километри мораме да ги весламе, нема помош од механизација и возила – истакна Ангелче Гушев, член на организацијата на „Вардарската регата 2026“.

Вардарска регата почнува со тоа што ќе се плови од Велес до Криволак, следниот ден е до Демир Капија, третиот до Марвинци, по што, на суво, учесниците се префрлаат преку граница до Евзони, каде што е првиот базен логор во Грција, потоа до Акропотамис, каде што е четвртиот базен логор.

Организаторот на Вардарската регата „Гемиџии 2026“, извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, доби делегирана надлежност од Општина Велес и од градоначалникот на Велес, Марко Колев. Регатата се организира со поддршка на Општина Велес и општествено одговорни компании од Велес и Македонија.

– Имаме поддршка од колегите Солунски морски извидници, кои сакаат да се реализира оваа регата низ Грција. Ним им одговора во програмските активности да имаат ваков настан. Си подадовме рака, бидејќи оваа манифестација која живее и опстојува многу години е потребна. Како соседи, потребни сме си едни на други и се надевам дека годинава повторно сè ќе биде во најдобар ред. Ова што ќе се случува на крајот од јуни е голема европска вредност, гемиџиите да пловат по Вардар низ Грција и да стигнеме до Солун, вели Гушев.

На годинашнава регата нема да плови гемијата ниту сплавот, туку учесниците ќе бидат само со чамци, бидејќи границата мора да се мине на суво, не по Вардар. Регатата и овој пат е меѓународна, најавени се традиционалните гости од Србија и од Босна и Херцеговина од причина што Вардарската регата е во програмата на Балканската рафтинг федерација. Вардарската регата завршува на 23 јуни.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ