EPA/ROB PREZIOSO AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Видовме секакви работи на тениските терени, но ова е првпат да се случи нешто вакво. Многумина останаа во шок кога Италијанецот Лоренцо Мусети побара супервизор да се појави на теренот на средина од натпреварот против Лука ван Еш во Лион. Зошто? За да добие дозвола за користење на телефонот.

Употребата на телефони за време на натпреварите е строго забранета во тенисот, а Саша Зверев, кој има дијабетес, има посебна дозвола за тоа. Мусети го молеше судијата, побара супервизор и сè поради допинг тестот. Играчите се должни да ја пријават својата локација кога однапред ќе бидат објавени лицата задолжени за тестирање. Очигледно, тој пријавил друга локација, веројатно неговото сместување во Лион.

Бидејќи натпреварот траел 3 часа и 33 минути, а тоа никој не го очекувал, дури ни самиот Италијанец, тој морал да побара помош за да контактира со контролорите и да ја објасни ситуацијата, сè со цел да избегне евентуални казни, предупредувања и слично. Тоа само уште еднаш докажува колку се луди правилата и колку е бесмислено што играч мора да размислува за такви работи среде натпревар, дека луѓето од антидопинг агенцијата не можат само да видат дека некој е на теренот…

Само на Синер му е дозволено сè

Кога почнаа да пишуваат на социјалните мрежи за необичната ситуација во која се најде Музети, навивачите веднаш се сетија на Јанико Синер. Тенисер кој двапати падна на допинг тест и покрај сето тоа имаше договорена суспензија од само три месеци и во тој период не пропушти ниту еден гренд слем.

На пример, Маркета Вондрушова доби четиригодишна забрана затоа што пропушти три теста, дури и не беше позитивна на нив. Нешто слично се случи и со Микал Имер од Шведска… Па навивачите напишаа дека само на Синер му е дозволено сè.

 

ИЗДВОЕНИ