понеделник, јули 6, 2026
Дома СКОПСКА Парична помош за жителите што претрпеа поголеми штети од невремето 

Парична помош за жителите што претрпеа поголеми штети од невремето 

14

За да им се излезе во пресрет на жителите што претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода поведе постапка за доделување еднократна парична помош за овие граѓани.

– Лицата што ќе аплицираат за оваа помош, потребно е да достават барање до Архивата на Општина Кисела Вода придружено со: фотокопија од важечка лична карта или пасош, фотокопија од трансакциска сметка, фотографии од настанатата штета, записник од надлежен орган за претрпената непогода и доказ за сопственост на објектот.

По приемот на барањата, посебно формирана Комисија ќе прави процена на штетата, по што ќе се одлучи за одобрување на финансиските средства.

Ги повикуваме граѓаните да ја достават целокупната документација во најбрз можен рок до архивата на Општината, за понатамошно постапување од страна на надлежните служби.

 

 

ИЗДВОЕНИ