Со герила-акција во Скопје, организацијата ХЕРА го означи почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
Активистите алармираа дека во текот на годината се регистрирани седум фемициди и илјадници полициски пријави, порачувајќи им на институциите дека на младите им треба вистинска заштита на терен, осветлени јавни простори и функционален систем наместо симболични кампањи.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР), од јануари до септември 2026 година се евидентирани вкупно 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство со 1.144 жени жртви, како и 3.869 поплаки со 2.567 жени жртви. Од вкупно 1.388 пријавени сторители, 1.278 се мажи.












