– Со овој зафат, вреден 37 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука се решава децениски проблем и за учениците и за родителите. Се решава просторното прашање, а учениците од прво до трето одделение сега ќе одат во прва смена, но ќе се овозможи и целодневна настава, со што децата ќе бидат згрижени додека се нивните родители на работа – изјави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека Владата и Министерството планираат во иднина да подготват уште 21 училиште за работа во една смена. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со проширувањето на училиштето, дечињата ќе имаат современи услови за да стекнуваат знаење и понатаму да го користат тоа знаење во животот

 

Во населбата Радишани, денеска беше пуштен во употреба доградениот објект на основното училиште „Ацо Шопов“ во населбата Радишани. Како што истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, во рамките на овој објект, кој се простира на површина од 400 квадратни метри, има дополнителни четири училници, ходник и тоалети за дополнителни стотина ученици.

– Со овој зафат, вреден 37 милиони денари, обезбедени од Министерството за образование и наука, се решава децениски проблем и за учениците и за родителите. Се решава просторното прашање, а учениците од прво до трето одделение сега ќе одат во прва смена. Ќе се овозможи и целодневна настава, со што децата ќе бидат згрижени додека се нивните родители на работа – изјави Костовски.

Тој додаде дека во рамките на ова училиште се гради и затворен базен.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, укажа на тоа дека од 1.023 основни училишта во државава, над 60 проценти веќе работат во една смена.

– Дел од нив целосно, дел од нив делумно, како што ќе биде и во училиштето „Ацо Шопов“, каде што во една смена ќе учат стотина ученици – нагласи Јаневска.

Таа најави дека во иднина Владата и Министерството за образование планираат да подготват уште 21 училиште за работа во една смена.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство што добива ова училиште нови училници.

– Дечињата ќе имаат современи услови за да стекнуваат знаење и понатаму да го користат тоа знаење во животот. Продолжуваме да ги реализираме приоритетите и тоа што е ветено – нагласи Мицкоски, наведувајќи дека се реализираат повеќе од 1.200 проекти како резултат на програмата во рамките на која се децентрализираа средства од централниот буџет кон општинските.

Воедно, истакна дека, бидејќи тоа дава ефект, ќе се продолжи и во годините што следуваат, во зависност од расположливоста на буџетските средства.

 (А. П.)   

ИЗДВОЕНИ