среда, ноември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Паланечките крави мобилизираа шест државни институции !

Паланечките крави мобилизираа шест државни институции !

1

По протестите и реакциите, кравите во Крива Паланка ќе се решаваат со акциски план кој го најави Владата. Одлуката ја поздравиле локалните власти и ги стави во митување најавените протести.

Со владините задолженија, Агенцијата за храна и ветеринарство треба да ги залови и одземе говедата, а Агенцијата за управување со одземен имот да ги преземе, транспортира, смести и згрижи животните. Министерството за внатрешни работи ќе обезбедува полициска асистенција при теренските активности, Центарот за управување со кризи ќе ја координира операцијата, а Дирекцијата за заштита и спасување ќе обезбеди логистичка, техничка и кадровска поддршка. Бирото за процена ќе треба да ја утврди вредноста на одземените говеда.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, оцени дека одлуката е значаен чекор напред и најави дека Општината ќе им даде простор на институциите да го спроведат акцискиот план, поради што протестите засега се ставени во мирување. Сепак, тој изрази претпазливост бидејќи сè уште нема утврдени конкретни рокови за донесување на акцискиот план, ниту за почетокот и завршувањето на теренските активности.

Дополнително, останува нејасно дали мерките ќе ги опфатат и останатите говеда кои го создаваат проблемот, а не само животните за кои веќе постојат правосилни и извршни решенија за одземање. Не е решено ниту прашањето за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјална штета.

Митовски најави дека активно ќе го следи исполнувањето на обврските на институциите и очекува конкретни резултати на терен. Ставањето на протестите во мирување, како што посочи, не значи откажување од барањата за целосно и трајно решавање на проблемот.

ИЗДВОЕНИ