среда, ноември 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Домашното производство покрива 96,6 проценти од потрошувачката на струја

Домашното производство покрива 96,6 проценти од потрошувачката на струја

9

Вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјава во септември 2026 година изнесувала 448.847 мегават-часови, додека потрошувачката на природен гас достигнала 15,494 милиони нормални кубни метри. Во тој период биле потрошени и 170.079 тони јаглен и 92.599 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија покрило 96,6 проценти од бруто домашната потрошувачка. Речиси целата потрошувачка на јаглен, односно 99,9 проценти, била наменета за производство на електрична енергија.

Во споредба со септември 2025 година, потрошувачката на природен гас во септември 2026 година била намалена за 22,6 проценти, додека кај нафтените продукти бил регистриран пад од 2,8 проценти.

ИЗДВОЕНИ