Службите на Општина Карпош ја исчистиле депонијата кај мостот „Газела“, со што просторот е повторно уреден и побезбеден за граѓаните.
– Секојдневните акции за чистење на општинските служби се во насока на подобрување на животната средина и придонесување за почиста и поуредна општина – велат од Општина Карпош.
Притоа, апелираат до граѓаните да го чуваат овој простор чист, отпадот да го одлагаат на соодветни места и како што велат заеднички да се спречи повторно создавање диви депонии.












