среда, август 26, 2026
Дома БАЛКАН Паника во Нов Загреб: Маж се закануваше дека ќе детонира бомба во...

Паника во Нов Загреб: Маж се закануваше дека ќе детонира бомба во близина на основно училиште, набрзо е уапсен

101

Загребската полиција уапси маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа во петокот попладне на улицата Шишиќева во Утрине, потврди Полициската управа во Загреб.

Тие потврдија дека во 16:10 часот добиле дојава за лице со експлозивна направа на улицата Шишиќева во загрепската населба Утрина и испратиле полициски сили, вклучувајќи и специјализирани полицајци, на местото на настанот.

Според неофицијални информации, полицајците се приближиле до маж кој се движел по улица, по што тој извадил експлозивна направа и се заканил дека ќе ја детонира.

Полицијата воспостави поширок безбедносен периметар, а поради дејствијата на полицијата, сообраќајот на улицата Шишиќева беше привремено блокиран, пренесува „Хина“.

ИЗДВОЕНИ