четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Панел-дискусија за комплексниот проблем со бездомните кучиња

Панел-дискусија за комплексниот проблем со бездомните кучиња

1

Проблемот со бездомните кучиња е комплексен општествен, институционален и законски предизвик што бара системски пристап, соработка и долгорочна стратегија. Токму поради тоа, јавното претпријатие „Лајка“, утре, од 12:00 до 16:00 часот, во Град Скопје, организира панел-дискусија на тема „Систем, закони и реалност: Справување со уличната популација на кучиња“.

–Сметаме дека е исклучително важно да се отвори простор за сериозна, стручна и конструктивна дискусија помеѓу институциите, ветеринарниот сектор, локалната самоуправа, здруженијата и експертите од регионот. Оваа дискусија не е организирана со цел да се впери прст, туку да се слушнат различни искуства, практики и перспективи, да се отвори дијалог за тоа што функционира, што не функционира и што како општество мораме да промениме – велат од ЈП „Лајка“.

Оттаму информираат дека во рамки на панелите ќе се разговара за хуманите системи за управување со популацијата на кучиња, институционалната соработка, регионалните искуства, одговорното сопствеништво и привременото згрижување.

– Веруваме дека само преку соработка, отворена комуникација и реален пристап можеме да дојдеме до одржливи и хумани решенија – нагласуваат од претпријатието.

Настанот е отворен за сите заинтересирани и засегнати страни.

 

 

ИЗДВОЕНИ