Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Општинските власти велат дека со нејзиното демонтирање, пешачката патека е повторно слободна за движење.
– Го расчистивме просторот и им го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Тој додава дека конструкцијата, која претходно се користела како тераса, ја зафаќала пешачката зона и го попречувала нормалното движење во строгиот центар на градот.
Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните.












