Се уредува нов парк на површина од околу 3.000 квадратни метри во непосредна близина на комплексот „Џевахир скај сити“.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, истакна дека просторот ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простор ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.
– Со реализацијата на овој проект, аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење во Општина Аеродром – нагласи Митески.












