недела, септември 27, 2026
Дома СКОПСКА Студентите ќе користат дигитална картичка за бесплатен превоз

Студентите ќе користат дигитална картичка за бесплатен превоз

0

Jавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) започнува со воведување на дигитална студентска картичка за користење на бесплатниот јавен превоз, која ќе се имплементира за студентите на државните универзитети во Скопје.

Процесот ќе се одвива дигитално, преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП Скопје и универзитетите, поради што нема потреба од доставување хартиени потврди или посета на билетарниците за заверка на студентскиот статус.

– Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса и преку мобилната апликација „Скопје бус“ ќе можат да ја активираат и да ја користат својата дигитална превозна картичка. При најавувањето во апликацијата, потребно е да ја користат истата е-пошта што ја користеле при регистрацијата на универзитетот – информираат од ЈСП.

Картичката ќе биде достапна во апликацијата со кју-ар код, кој ќе се користи за валидација при патување.

За начинот на активирање и користење, студентите ќе бидат навремено информирани.

ИЗДВОЕНИ