вторник, август 11, 2026
Дома СВЕТ Откриен е тунел на границата со Белорусија за влез на мигранти во...

Откриен е тунел на границата со Белорусија за влез на мигранти во ЕУ

0
EPA/Luis Torres

Латвиските власти соопштија дека е пронајден тунел под границата со Белорусија, додека Рига најави дополнително зајакнување на источната граница поради зголемениот број обиди за нелегално преминување, објави Ројтерс.

Латвија, членка на Европската Унија и НАТО, дели граница од 173 километри со Белорусија.

Латвиските војници минатиот месец употребија солзавец и испукаа предупредувачки истрели за да спречат група мигранти кои се обидуваа да влезат во земјата од Белорусија.

Министерот за внатрешни работи Јанис Домбрава најави зголемени мерки на источната граница на земјата.

„Заштитата на источната граница на Латвија ќе биде зајакната, со поблиска соработка меѓу Граничната стража, Државната полиција, Националните вооружени сили и безбедносните служби, како и со поинтензивна употреба на беспилотни летала за рано откривање и задржување на нелегални мигранти“, рече Домбрава на заедничката прес-конференција со премиерот Андрис Кулбергс.

Латвија не е првата земја на источната граница на Европската унија што откри тунел што се користи за нелегални преминувања во последните недели.

Литванија во јули соопшти дека, исто така, пронашла тунел што го користат мигрантите за да влезат во земјата од Белорусија.

Полска и балтичките држави со години ги обвинуваат властите на белорускиот претседател Александар Лукашенко за инструментализирање на мигрантите и нивно користење за создавање притисок врз надворешните граници на Европската унија. Минск ги негира обвинувањата дека организира такви активности.

ИЗДВОЕНИ