среда, јуни 10, 2026
Дома СКОПСКА Осум нови практиканти почнаа да работат во Општина Центар

Осум нови практиканти почнаа да работат во Општина Центар

14

Осум нови практиканти почнаа да работат во Општина Центар. Овие практиканти, во наредните шест месеци, ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно со своите студиски програми и ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.

По тој повод градоначалникот, Горан Герасимовски оствари средба со нив.

– Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Воедно, секторите ќе добијат дополнителна поддршка и нова енергија – истакна Герасимовски.

Тој додаде дека ваквите програми претставуваат значаен поттик за младите кои го започнуваат својот кариерен пат.

– Верувам во потенцијалот на младите. Дел од нив ќе имаат можност да го продолжат својот ангажман во Општина Центар. Уверен сум дека практичната работа многу ќе им помогне да се формираат како професионалци, да го развијат тимскиот дух и комуникациските способности – нагласи Герасимовски.

Општина Центар, втора година по ред, успешно ја реализира програмата за практикантство, за која е предвиден буџет од 1,5 милиони денари. Програмата им овозможува на младите да стекнат практично работно искуство, да ги надградат своите вештини и полесно да се вклучат на пазарот на трудот.

 

ИЗДВОЕНИ