Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин – соопштија градските власти.
Тие ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.












