вторник, јуни 16, 2026
Дома МАГАЗИН Особено ако доаѓате првпат: Квалитетот на ресторанот ќе го препознаете за секунда...

Особено ако доаѓате првпат: Квалитетот на ресторанот ќе го препознаете за секунда ако гледате на вистинското место

112
Фото:пекселс

Менијата во рестораните често содржат суптилни пораки што можат да откријат многу за самото место на гостите, од филозофијата на готвачот до квалитетот на состојките.

Скриените знаци можат да покажат дали ќе ве очекува добро гастрономско искуство или разочарување, пишува Index.hr.

„Во секој добар ресторан, менито раскажува приказна. Можете да научите нешто за историјата на готвачот или сопственикот, да откриете омилено јадење, внимателно чуван семеен рецепт или да забележите посветеност на кулинарски модел“, објаснува Џејсон Лајакона, главен готвач на ресторанот „Миел“.

Најголемиот индикатор за квалитет: Сезонски состојки

Експертите се согласија дека најочигледниот знак за свежина, вкус и поврзаност со локалната заедница е мени фокусирано на сезонски состојки. Сезонските јадења се фокусираат на она што е најсвежо и најдостапно во дадена област во тој момент, потврдува Анри Велси III, извршен готвач во Steakhouse Bourré Bonne.

Кејси Милс, извршната готвачка и ко-сопственик на Sesame Collective Restaurant Group, се согласува.
„Менито што ја одразува сезоната ми кажува дека готвачот обрнува внимание и работи со најдобрите достапни состојки, наместо да се потпира на она што е практично“, тврди таа.

Покрај сезонските состојки, готвачите истакнуваат и други позитивни знаци на кои обрнуваат внимание при изборот на ресторан.

Истакнување на потеклото на храната

Имињата на фармите, земјоделците, рибарите или месарите споменати во описите на јадењата покажуваат дека ресторанот набавува храна со акцент на вкусот и квалитетот, а не на цената.

Истакнувањето на партнерите е одличен начин да се препознаат сите вклучени во процесот на подготовка на храна за гостите. Овој вид транспарентност, исто така, покажува дека готвачот знае од каде доаѓаат неговите производи и ги цени односите со добавувачите.

Јасен идентитет на ресторанот

„Добриот ресторан треба да има кохерентен став што се провлекува низ целото искуство“, вели Велс.

Внимателно изработеното мени кое е тематски конзистентно е знак за јасна визија и добра контрола на трошоците. Кога кујнскиот тим не мора да набавува и подготвува состојки за десетици различни јадења, тие можат да се фокусираат на она што најдобро функционира и го дефинира ресторанот, а заштедите на крајот може да се пренесат на гостите.

ИЗДВОЕНИ