Најтрофејниот македонски ракометен клуб Варда, е на прагот на елиминација од Европската лига, откако убеливо загуби во првиот четврт-финален натпревар на гостувањето кај Mонпелје со 33:23. По ваквиот расплет на настаните вардарци се пред „невозможна мисија“ да се пласираат на Ф4 турнирот, бидеќи во реваншот на домашен терен за седум дена ќе треба да победат барем со гол повеќе.
Вардар во Монпелје отпатува беа најголеми ѕвезди Јака Малус и Дмитро Хориха, а во текот на натпреварот се повреди и бразилскиот бек Да Силва, што беше тотален колапс за тренерот Иван Чупиќ.
Ваквиот расплет на настаните одлично го искористија Французите кои си обезбедија висока залиха пред реваншот во Скопје. Монпелје разликата од десет гола ја направи во второто полувреме, особено по повредата на Да Силва и црвениот картон на Тузолана, додека првото полувреме заврши со негатива од два гола за скопскиот тим (12.10).
Вилемино и Монте со по шест гола беа најдобри кај Монпелје, додека кај Вардар се истакнаа Митровиќ и Франциско да Силва, двајцата дадоа по шест гола.












