среда, август 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма пред медиумите: „Нема ешерихија коли!“/ФОТО

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма пред медиумите: „Нема ешерихија коли!“/ФОТО

0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на вонредна прес-конференција рече дека не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје, а скопјани да бидат спокојни.

Тој пред новинарите се напи чаша вода од чешма.

– Ќе има одговорност за сите кои шират паника и хистерија, што според мене е еднакво на тероризам. До МВР ќе бидат доставени сите профили на социјалните мрежи кои шират лажни вести, порача Ѓорѓиевски кој нагласи дека тој, неговото семејство и 8 и пол годишниот син ја пијат оваа вода за која кажа дека е чиста и една од најквалитетните.

Прес-конференцијата следуваше откако на социјалните мрежи се проширија вести дека во водата од скопските чешми има бактерија „ешерихија коли“.

ИЗДВОЕНИ