петок, октомври 2, 2026
Дома СКОПСКА Општина Карпош додели спортски и стипендии за талентирани ученици 

Општина Карпош додели спортски и стипендии за талентирани ученици 

1

По завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени се спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година.

Спортските стипендии од прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година. Спортските стипендии од втора категорија изнесуваат 3.000 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

-Со доделувањето на спортските стипендии, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални спортски резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво – потенцираат од локалната самоуправа.

Општина Карпош ги поддржува и талентираните ученици од основните училишта на својата територија, преку доделување осуммесечни стипендии за учениците од VIII и IX одделение.

За учебната 2026/2027 година, Општината ќе додели вкупно 57 стипендии, од кои: 33 стипендии од прва категорија, во месечен износ од 3.500 денари; 24 стипендии од втора категорија, во месечен износ од 3.000 денари. 

 

ИЗДВОЕНИ