Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“.
На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување и се на возраст од 20 до 50 години.
-Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на полот, за да може да донесува добри финансиски одлуки и да изгради сигурна и стабилна финансиска иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените – потенцираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Според него, целта на обуката е развој на женското претприемништво и финансиската писменост, што ќе придонесе кон поголема економска независност и развој на претприемачкиот потенцијал на жените.
Планираниот број на учеснички е 30, по принципот „прв дојден – прв услужен“.
Пријавата за учество, заедно со потребната документација, може да се достави во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: улица „Михаил Цоков“, број 1, 1000 Скопје.












