четврток, октомври 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Општина Богданци одбележува 30 години постоење

Општина Богданци одбележува 30 години постоење

22

Со повеќе настани распоредени во три дена, почнувајќи од утре, Општина Богданци ќе прослави 30 години од своето  постоење.

Утре од 9:00 до 13:00 часот, во рамките на тридневната програма, се уличните трки, како и натпреварите во одбојка и во кошарка, кои ќе се одржат во Градскиот парк, како и во салата на СОУ „Бограднци“. Во 17:30 часот е поетското читање, кое ќе се одржи во малата сала на ЈОУДК „Бранд Петрушев“, а во 19:00 часот е четвртиот меѓународен фолклорен фестивал „Разиграни младости“, во спортската сала „Млаз“.

В сабота, од 10:00 до 11:00 часот, ќе има свечено положување цвеќе на бистите на паднатите борци, а од 19:30 до 20:00 часот – свечена академија во ЈОУДК „Бранд Петрушев“, по што ќе следува коктел-забава. Вечерта ќе биде заокружена со музичка програма од 20:30 до 03:00 часот, во Градскиот парк, во рамките на која ќе настапат Јована Тасева, Стојановски брадерс, Ѓоко Таневски и диџеј.

И последниот ден, недела, е резервиран за фестивалот на улична храна, кој ќе се одржи во Градскиот парк, од 10:00 до 12:00 часот, а во чии рамки ќе се вари слатко од смокви, а ќе настапи и танцовото студио „Свит денс“. Потоа ќе има ликовна работилница на отворено, во рамките на која ќе се сликаат мотиви од Богданци и на крајот од 18:30  до 20:00 часот ќе се одржи футсал-натпревар меѓу екипите на Богданци и Калиновац, во спортската сала „Стојаково“.

 

ИЗДВОЕНИ