понеделник, ноември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Онкологија 2“ на почеток поради новиот член на Судскиот совет, обвинетите Васев...

„Онкологија 2“ на почеток поради новиот член на Судскиот совет, обвинетите Васев и Нухи повторно негираат вина

0

Судењето за случајот „Онкологија 2“ за работењето на поранешните директори Нино Васев и Нехад Нухи почна одново поради новиот член на Судечкиот совет. Обвинетите повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. – Не, не се чувствувам виновен за делата што ми се ставаат на товар – изјави првообвинетиот Васев пред Судот. Второобвинетиот Нухи рече пред Судот дека не се чувствува виновен и дека не му е јасно обвинението што му се става на товар.

– Не во јазична форма. Не ми е јасен обвинителниот акт и не знам зошто сум обвинет, бидејќи овој обвинителен акт нема врска со моето работење на Клиниката – изјави Нухи.

Во воведниот говор, одбраната на Нино Васев нагласи дека обвинението не се базира на реални докази и се води од претпоставки и вештачки конструкции и дека единствена алтернатива е ослободителна пресуда и ослободување на Васев поради недостиг на докази. Бранителката на второобвинетиот, адвокатката Анета Бегова, реагираше во однос на новопредложените докази од Обвинителството, нагласувајќи дека се знае оти Обвинителството поднесува докази со поднесување бвинителен акт.

Според обвинението, ексдиректорите Васев и Нухи  незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

 

ИЗДВОЕНИ