понеделник, ноември 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Флај Дубаи“ се враќа во Скопје со директни летови до Дубаи трипати...

„Флај Дубаи“ се враќа во Скопје со директни летови до Дубаи трипати неделно

0

Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе воспостави директна авиолинија меѓу Скопје и Дубаи, по повеќе од седум години пауза. Летовите ќе се реализираат трипати неделно, секои понеделник, четврток и сабота.

Враќањето на авиокомпанијата на скопскиот аеродром ќе овозможи повторно директно поврзување со Обединетите Арапски Емирати, но и полесни трансфери кон бројни дестинации во Азија и во Австралија преку меѓународниот аеродром во Дубаи.

Летовите ќе се реализираат преку терминалот 3, кој го користи и авиокомпанијата „Емирати“, што ќе овозможи полесно поврзување со други меѓународни летови.

– Повторното воспоставување на летовите кон Скопје им дава на нашите патници поголем избор и флексибилност, а истовремено обезбедува привлечна можност за патување со едно преседнување за туристите, деловните патници и за македонската дијаспора од Австралија и од Азија – изјави Џејхун Ефенди, висок потпретседател за комерцијални операции и електронска трговија во „Флај Дубаи“.

Авиокомпанијата првпат ја воспостави линијата Скопје – Дубаи во октомври 2012 година, а летовите беа прекинати по избувнувањето на пандемијата на коронавирус.

ИЗДВОЕНИ