среда, октомври 28, 2026
Дома СКОПСКА Околу 30.000 луѓе ги засукаа ракавите за почисто Скопје

Околу 30.000 луѓе ги засукаа ракавите за почисто Скопје

23

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и со илјадници сограѓани, ја продолжи големата екоакција за расчистување на Скопје.

– Повторно околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната екоакција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе што одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас, за својата улица, за соседите, за децата, за нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје, кое се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски.

Во екоакцијата овој пат се приклучија и угостителите.

Градоначалникот им порача на оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад да ги почитуваат луѓето што вложиле труд и време.  

Овие акции ќе продолжат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика.

 

ИЗДВОЕНИ