среда, септември 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

988

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, се запозна со процесот на вештачко размножување на охридската пастрмка и со подготовките за порибување на езерото.

– Охридската пастрмка е едно од најголемите богатства на нашето езеро и нејзината заштита е наша заедничка одговорност – истакна Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што беше посочено, ќе продолжи со активностите и со институционалната поддршка за заштита, размножување и зачувување на охридската пастрмка како автохтон вид и едно од најзначајните природни богатства на Охридското Езеро.

ИЗДВОЕНИ