сабота, ноември 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА АРСОСКИ од Пробиштип: ЕК го потврди реформскиот напредок, ЗНАМ испорачува 1.300 проекти...

АРСОСКИ од Пробиштип: ЕК го потврди реформскиот напредок, ЗНАМ испорачува 1.300 проекти и повисоки плати и пензии!

65

„Европскиот извештај е важна надворешна оценка за напредокот на државата. Онаму каде што ЗНАМ презеде одговорност, се преземаат конкретни чекори и се постигнува видлив напредок. Не бараме признание за она што го зборуваме, туку за она што го работиме. Нашата политика се темели на дела, а не на празни ветувања“ истакна потпретседателот на ЗНАМ и пратеник во Собранието, Павле Арсоски,на панел дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Пробиштип. Посебно го потенцираше Извештајот на Европската комисија за 2026 година, кој нотира напредок во реформските области и претставува значајна потврда за работата на институциите. Арсоски истакна дека изминатите две години се доказ дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните преку конкретни политики, одговорност и мерливи резултати.

Тој посочи дека зад политиките на Владата стојат конкретни придобивки за граѓаните, меѓу кои околу 1.300 капитални проекти во општините низ државата, насочени кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот, како и зголемувањето на платите во повеќе сектори.

„Кога зборуваме за 1.300 проекти, зборуваме за реални инвестиции во општините, за подобри улици, водоводи, училишта и инфраструктура. Кога зборуваме за растот на платите, зборуваме за вреднување на трудот и подобрување на животниот стандард на работниците. Платите во образованието се зголемени за 20 проценти, здравствените работници добија зголемување. Со договорот со синдикатите е предвиден и натамошен раст на платите на административните службеници до 40 проценти до март 2028 година. Тоа се конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат, а не политички пароли“ нагласи Арсоски.

Панел дискусијата е дел од проектот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија за директни средби со граѓаните кои се одржуваат  низ државата, а на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панелот се обратија и заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, директорот на ПИОМ и директор на Центарот за комуникација и аналитика на ЗНАМ, Никола Мемов, како и пратеничката и член на Извршниот одбор на ЗНАМ, Даниела Белимова.

Лабудовиќ ги истакна резултатите во енергетскиот сектор, меѓу кои инвестициите во околу 200 мегавати нови фотоволтаични капацитети, финансирањето на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, рехабилитацијата на шест хидроелектрани и засилената контрола врз концесионерите, со раскинување на повеќе од 50 концесии поради неисполнување на обврските. Овие активности се дел од поширокиот инвестициски циклус за зголемување на домашното производство, енергетската сигурност и заштитата на националните природни ресурси.

Мемов ги презентираше резултатите од двегодишното работење на Фондот ПИОМ, посочувајќи дека пензиите од септември 2024 до март 2026 година се зголемени за вкупно 7.000 денари, а во септември 2026 година следуваше и дополнително усогласување од 3 проценти. Белимова пак,  ги истакна парламентарните иницијативи на ЗНАМ, меѓу кои обезбедувањето 55.000 вредносни ваучери за студентите, како и предлог-измените на Законот за семејството.

Од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија порачуваат дека остануваат посветени на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски. “Две години се доволна потврда дека ЗНАМ е движечка сила на конкретни промени  резултати. Движењето продолжува да работи за силна и стабилна Македонија, функционални институции, економски развој и подобар животен стандард за граѓаните, велат од ЗНАМ.

ИЗДВОЕНИ