четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Одложена свечената академија по повод 80 години од формирањето на Црвениот крст

Одложена свечената академија по повод 80 години од формирањето на Црвениот крст

72

Изразувајќи сочувство со болката на семејствата на настраданите и на повредените од пожарот во Кочани, од Црвениот крст на Македонија соопштија дека е донесена одлука свечената академија по повод одбележувањето на 80-годишнината од формирањето на оваа хуманитарна организација, која требаше да се одржи денеска, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, да се одложи на неопределен период.

– Останува сите заедно да бидеме обединети и солидарни во овие моменти на болка и да продолжиме да ја обезбедуваме неопходната поддршка за граѓаните на нашата земја – се наведува во соопштението на Црвениот крст.

 

ИЗДВОЕНИ