четврток, јули 30, 2026
Дома СВЕТ Од воведувањето на ЕЕС, регистрирани се 110 милиони пристигнувања во ЕУ, 44.000...

Од воведувањето на ЕЕС, регистрирани се 110 милиони пристигнувања во ЕУ, 44.000 одбивања, а 1.100 лица се означени како закана

17

Портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, денес изјави дека од воведувањето на Системот за влез и излез во Европската унија (EES), регистрирани се 110 милиони пристигнувања, со околу 44.000 одбивања, додека 1.100 лица се идентификувани како закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ.

Мерсие ги нагласи придобивките од системот EES на редовната прес-конференција на Европската комисија, тврдејќи дека е очигледно дека безбедноста на европските граѓани е зголемена.

Тој потсети дека системот не се однесува на граѓаните на земјите-членки на ЕУ и додаде дека се вложени сите напори за ограничување на последиците за патниците надвор од Унијата.

Комисијата е во контакт со земјите-членки и им обезбедува целосна поддршка за решавање на сите предизвици во спроведувањето на системот, рече тој.

ИЗДВОЕНИ