четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОД МАЈ ГОДИНАВА: Поевтинуваат 300 лека, цената на „Ксарелто“ се намалува за...

ОД МАЈ ГОДИНАВА: Поевтинуваат 300 лека, цената на „Ксарелто“ се намалува за 700 денари

152

Од 1 мај годинава ќе се применуваат понсики цени за над 300 лека, соопшти денеска Министерството за здравство. Во информацијата се наведува дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените.

– Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем, поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание врз јавните здравствени расходи, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Врз основа на анализите и преговорите, утврдени се намалувања на максималните цени кај лековите каде што постојат соодветни пазарни показатели. На веб страната на Министерство се објавени одлуките со новите намалени максимални цени, при што намалување е постигнато кај: 156 оригинаторни лекови, 174 генерички лекови, 13 лекови од интервентен увоз.

-Новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 мај, годинава, по периодот во кој фармацевтските компании ќе ги усогласат цените во прометот на големо и мало. Особено го издвојуваме намалувањето на цената на лекот „Ксарелто“ (ривароксабан), кој се користи во третман на кардиоваскуларни заболувања. Кај овој лек е постигнато значително намалување на цената во прометот на големо: за таблети од 15mg и 20mg: од 2.307,48 денари на 1.606,10 денари, а за таблети од 10mg: од 824,10 денари на 589,45 денари – соопшти Министерство.

-Со оваа мерка се овозможува поголема достапност на терапијата за пациентите, особено имајќи предвид дека станува збор за лек кој често се набавуваше од странство поради пониски цени, потенцира Алиу.

ИЗДВОЕНИ