среда, јуни 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од 2028 година, возови ќе сообраќаат на делницата Бељаковце – Крива Паланка

Од 2028 година, возови ќе сообраќаат на делницата Бељаковце – Крива Паланка

112

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се одвива со засилена динамика и претставува еден од најголемите и најкомплексни инфраструктурни проекти во државата. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, при увидот на градежните работи, заедно со директорот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници на изведувачот „Ѓулермак“.

Според Николоски, станува збор за стратешки проект на Коридорот 8, кој ќе ја поврзе Македонија со Бугарија и Црното Море. На трасата се градат три нови железнички станици, 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници, а возовите ќе сообраќаат со брзина од 100 до 120 километри на час.

Тој посочи дека дел од мостовите претставуваат вистинско инженерско достигнување, со столбови високи до 61 метар. Во проектот ќе бидат вградени 125.000 кубни метри бетон и десетици илјади тони арматура.

Николоски информираше дека конструктивните работи се реализирани 31 процент, додека вкупната реализација на проектот достигнала 36 проценти.

„Очекувам до октомври 2028 година тука веќе да сообраќаат возови. По изградбата на оваа делница ќе следи и третата, за која веќе се преземаат активности во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР и Европската Унија“, изјави Николоски.

ИЗДВОЕНИ