четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинителството отвори предмет за неправилностите во Центарот за социјални работи по трагедијата...

Обвинителството отвори предмет за неправилностите во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

36

Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека по медиумските информации за утврдени неправилности при инспекцискиот надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со случајот со смртта на мајката и нејзината ќерка кои паднаа од шести кат во скопски Карпош, е оформен предмет по допрен глас.

Од Обвинителството информираат дека предметот е доставен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.

– ОЈО Скопје ќе преземе проверки со цел да утврди дали констатираните неправилности содржат елементи на кривично дело за кое се постапува по службена должност – велат од ОЈО.

ИЗДВОЕНИ