среда, август 12, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар

Бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар

1

Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека оваа мерка веќе станала убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата што првпат седнуваат во училишните клупи.

– Првиот училиштен ден е посебен момент за секое дете и за секое семејство. Петта година по ред сакаме да бидеме дел од таа радост и на сите наши првачиња да им подариме ранче за успешен почеток на нивното образование. Им посакувам многу петки, нови знаења, убави спомени и многу нови другарчиња. Наша обврска е уште од првиот училиштен ден да им покажеме дека образованието и грижата за децата се меѓу нашите приоритети – истакнаа Герасимовски.

Општина Центар континуирано инвестира во подобрувањето на условите во основните училишта и во мерките со кои се олеснува образовниот процес за учениците и знивните семејства.

– Вложувањето во децата е вложување во иднината. Затоа продолжуваме да ги подобруваме условите во училиштата и да создаваме средина во која секое дете ќе има можност квалитетно да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал. Нашата цел е јасна; децата во Центар да имаат најдобри можни услови за образование – потенцираше Герасимовски.

Бесплатните ранчиња ќе им бидат доделени на сите првачиња запишани во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар, на почетокот од новата учебна година.

 

ИЗДВОЕНИ