петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обилните дождови ја заматија водата за пиење, граѓаните треба да ја превриваат

Обилните дождови ја заматија водата за пиење, граѓаните треба да ја превриваат

877

Водата од регионалниот водовод „Лукар“ треба задолжително да се преврива бидејќи е заматена и нема присуство на резидуален хлор, поради обилните дождови и наглото топење на снегот од планината Кожуф. На тоа укажува одделението на Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

– Мерењата на резидуалниот хлор во водата покажаа негово отсуство,  а тоа ни е показател за хлорирање на водата за пиење. Дадовме налог до комуналното претпријатие да се зголеми дозирањето на хлор во хлораторната станица. Зедовме и дополнителни мостри од водата за пиење за анализа – појасни Трајче Ризов, раководител и лекар специјалист по хигиена во Одделението за јавно здравје во Кавадарци.

Тој потсети дека водата, која се носи педесетина километри од планината, ја пијат шеесетина илјади жители од три општини во Тиквешијата: Кавадарци, Неготино и Росоман. Таа ќе мора да се преврива, сè додека надлежните институции не кажат поинаку.

 

ИЗДВОЕНИ