петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поставени 60 камери во НП „Маврово“

Поставени 60 камери во НП „Маврово“

63

Националниот парк „Маврово“ воспостави систем за видеонадзор на 60 локации во паркот.

Оттаму велат дека поставувањето на камерите има цел мониторинг на дивите видови животни, следење на бројната состојба, превенција и рано откривање на незаконските активности како бесправна сеча, лов, загадување, уништување на природните ресурси и други дејства што може да предизвикаат штета врз животната средина.

– Воедно, видеонадзорот придонесува и за подобро следење на состојбата во природата, движењето на дивите животни и за навремена реакција на надлежните служби, со што се унапредуваат севкупната заштита и управувањето со паркот – соопштија од НП „Маврово“.

Додаваат дека во согласност со своите законски надлежности и обврски, континуирано се грижат за заштитата, унапредувањето и одржливото управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите на своја територија.

Притоа, ги замолуваат сите посетители да се придржуваат кон правилата за движење и престој во рамките на паркот, да ја почитуваат природата и да постапуваат одговорно со цел зачувување на ова значајно природно богатство за идните генерации.

Меѓу другото, со помош на системот за видеонадзор на камерите се снимени диви животни.

 

ИЗДВОЕНИ