Нултиот пациент со хантавирус е идентификуван на крузерот MV Hondius, и се работи за 70-годишен холандски орнитолог и неговата сопруга, со која патувал во неколку јужноамерикански земји, објави денес телевизијата BFM.
Двајцата починале, а парот наводно посетил аргентинска депонија за да набљудува ретка птица.
Холанѓанецот Лео Шилперорд, кој прв покажал симптоми на хантавирус, починал на 11 април на крузерот MV Hondius, крузер на кој се качил со сопругата Миријам.












