вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нови информативни табли во НП „Пелистер“

Нови информативни табли во НП „Пелистер“

37

Во Националниот парк „Пелистер“ се поставуваат нови инфо табли со модерен дизајн, кои имаат за цел да ги промовираат важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор „молика“ или познат како „македонски бор“.

– За почеток, нови инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот, а подоцна, со истиот дизајн, ќе следува и поставување нови табли на планинарските и на велосипедските патеки – соопштија од НП „Пелистер“.

Македонскиот бор, кој е пронајден на планината Баба во 1839 година, речиси два века наназад ја раскажува приказната за НП „Пелистер“ како жив музеј на богатиот биодиверзитет, богатата историја и нераскинливата врска помеѓу локалното население и природата.

 

ИЗДВОЕНИ