Повеќе од 10 училишта во шпанската област Галиција беа евакуирани откако преку електронска пошта беа добиени лажни дојави за поставени бомби, соопшти полицијата.
Во соопштението се наведува дека заканувачките пораки биле испратени директно до училиштата, но нивната содржина не е обелоденета.
Полицијата ги пребарала објектите, но не биле пронајдени никакви сомнителни направи.
Овие закани се најновите во низата лажни дојави и сајбер-напади кои неодамна беа насочени кон супермаркети, банки за крв, системи за контрола на воздушниот сообраќај и медиумски куќи низ Европа, пренесува „Срна“.












