среда, ноември 18, 2026
Дома СВЕТ „Ројтерс“: Украинските напади со беспилотни летала го преполовија руското преработување на нафта...

„Ројтерс“: Украинските напади со беспилотни летала го преполовија руското преработување на нафта во ноември

14
Фото: EPA/WAEL HAMZEH

Украинските напади со беспилотни летала во ноември го намалија вкупниот обем на сурова нафта што се преработува во руските рафинерии за 45 отсто, објави денеска „Ројтерс“, повикувајќи се на два извори.

Според изворите, нападите го попречиле работењето на 15 од вкупно 35-те големи руски рафинерии.

По секојдневните напади со беспилотни летала во текот на изминатите 20 дена, обемот на сурова нафта што се преработува во руските рафинерии падна на приближно 400.000 метрички тони дневно – што е еквивалентно на околу три милиони барели дневно, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ