недела, август 16, 2026
Дома СВЕТ Нова катастрофа во Шпанија: Најмалку две лица загинаа, две се повредени во...

Нова катастрофа во Шпанија: Најмалку две лица загинаа, две се повредени во поплавите во северозападниот дел на земјата/видео

24
Фото:принтскрин, видео „Икс“, „Ел Диаро“

Најмалку две лица загинаа, а две се повредени во поплавите што ја погодија покраината Леон во северозападна Шпанија кога во саботата се појави лизгање на земјиштето, соопшти полицијата.

Во соопштението се вели дека две жени загинале, а две малолетни лица се повредени во поплавите во селото Манзанедо де Валдуези, објави RTVE.

Се забележува дека винарија во која престојувале шест лица била поплавена, пренесува „Танјуг“.

Ненадејната поплава предизвикала лизгање на земјиштето на планинската падина, исфрлајќи вода и кал што течеле надолу во винската визба каде што престојувале шест лица.

Како резултат на тоа, две жени, на возраст од околу 60 и 80 години, загинале, а две деца се лекуваат од повреди. Трето исчезнато лице, 80-годишен маж, е пронајдено неповредено.

Во моментов нема извештаи за други исчезнати лица.

Во операцијата за спасување биле вклучени хеликоптер за спасување и служби за итна медицинска помош.

 

 

ИЗДВОЕНИ