Кримскиот мост повторно беше цел на напад од страна на вооружените сили на Украина, што доведе до привремен прекин на сообраќајот, соопшти лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.
„Поради уште еден напад врз Кримскиот мост, сообраќајот е привремено запрен“, напиша Аксјонов на својот канал на платформата X, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека сите надлежни служби се на своите позиции.
Како што пренесува Танјуг, Аксјонов на својот канал на Телеграм наведе дека во тек е проценка на штетата.
Ова е трет напад оваа недела врз мостот, кој ја поврзува копнена Русија со Крим.
Мостот претходно претрпе оштетувања за време на нападите на украинските сили во текот на ноќта меѓу 16 и 17 септември.
Според првичните информации, во тој случај немало жртви, а Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка, третирајќи го инцидентот како можен терористички напад.
Железничкиот сообраќај преку мостот беше целосно воспоставен до вечерта.












