четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Нов асфалт до и околу црквата „Свети Архангел“

Нов асфалт до и околу црквата „Свети Архангел“

146

Завршени се градежните работи за асфалтирање на улици во делот до   и околу црквата „Св. Архангел“ во Ново Село во Општина Ѓорче Петров, со што се   подобрува локалната инфраструктура и пристапот за жителите во оваа населба.

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека во рамки на проектот, асфалтирани се седум краци со вкупна должина од околу два километри нов асфалт.

-Со реализацијата на овој зафат, првпат се уредува поголем дел од овој простор, кој претходно беше со неуредена и каллива подлога. Со новата инфраструктура се овозможува подобар пристап до домовите на  жителите, побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот, како и поквалитетни услови за живот во овој дел од населбата – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека активностите за подобрување на локалната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, со цел унапредување на условите за живот на граѓаните.

 

ИЗДВОЕНИ