четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ Душан Влаховиќ веќе избра нов клуб!

Душан Влаховиќ веќе избра нов клуб!

829
epa11869980 Juventus' Dusan Vlahovic jubilates after scoring the 3-1 during the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs Empoli FC at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 02 February 2025. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Душан Влаховиќ не покажа многу во последните четири години во дресот на Јувентус. Човекот од 84 милиони евра не направи никаква посебна разлика на теренот, а фактот дека тој е веројатно најплатениот играч во Серија А со плата од 12 милиони евра нето годишно звучи уште поневеројатно.

Договорот на српскиот напаѓач со „стара дама“ истекува на крајот на јуни. Сите преговори за продолжување на соработката пропаднаа, па затоа многу се зборува за тоа каде Влаховиќ би можел да ја продолжи кариерата.

Сепак, Јуве ќе се обиде уште еднаш да го задржи и затоа беше закажан состанок со агентите на српскиот напаѓач, а за тоа зборуваше и угледниот италијански новинар Фабрицио Романо.

„Јувентус има намера да одржи состанок со агентот на Душан во наредните недели. Тие сакаат да видат дали постои можност за продолжување на соработката“, рече Романо, додавајќи:

„Договорот воопшто нема да биде лесен со оглед на платата што ја има Влаховиќ. Мора да се решат сериозни финансиски тешкотии пред да се зборува за останување.“

„Моментално, Влаховиќ е фокусиран на закрепнување од повредата за да може да му помогне на тимот во последната фаза од сезоната.“

Се чини дека Влаховиќ е фокусиран и на друг клуб и навистина сака да оди во Барселона.

Каталонскиот гигант бара нова „деветка“ затоа што легендарниот полски играч Роберт Левандовски е на излезна врата од клубот, а Барса сака помлад напаѓач.

Влаховиќ е една од неколкуте опции, а Србинот веќе ги замолил своите агенти да вложат максимални напори за да најдат заеднички јазик со челниците на Барселона.

Покрај Барса, Влаховиќ се поврзуваше и со други клубови. Атлетико (М) е исто така опција, но исто така се и англиските гиганти Челзи, Манчестер Јунајтед и Астон Вила, а интерес има и од Интер и Милан.

Тој одигра вкупно 162 натпревари во бело-црниот дрес во кој постигна 64 гола и додаде 16 асистенции.

Во текот на својата кариера, Влаховиќ играше и за Фиорентина и Партизан од Белград.

 

ИЗДВОЕНИ