четврток, јуни 11, 2026
Дома СПОРТ Нојер се појави и му ги уништи соништата!

Нојер се појави и му ги уништи соништата!

33
epa10333199 Goalkeeper Manuel Neuer of Germany reacts during the FIFA World Cup 2022 group E soccer match between Spain and Germany at Al Bayt Stadium in Al Khor, Qatar, 27 November 2022. EPA-EFE/Ronald Wittek

Стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Хофенхајм, Оливер Бауман, чекаше шанса да стане прв голман на германската репрезентација. Откако Мануел Нојер се збогуваше во 2024 година, голманот на Хофенхајм ја искористи шансата меѓу неколку кандидати и ја презеде позицијата број еден.

Одличниот голман требаше да биде прв избор на Јулијан Нагелсман и на Светското првенство. Бауман сонуваше за тој момент, но Мануел Нојер лично одлучи да ги уништи соништата на овој голман.

Еден од најдобрите голмани на сите времиња одлучи да се врати во репрезентацијата пред Светското првенство. Без многу да размислува, Нојер ја прифати поканата на Нагелсман и рече „да“ на кам-бекот во националниот тим.

Секако, се очекува дека 40-годишникот ќе биде прв избор на голот на Германија.

„Тоа беше мојата позиција или сè уште е мојата позиција. Доаѓам со огромна самодоверба“, рече Бауман неодамна кога беше прашан за враќањето на Нојер.

Селекторот Нагелсман молчи и не сака јавно да зборува за тимските одлуки, само рече дека сè ќе биде познато со текот на времето.

„Играчите прво ќе ги добијат сите информации. Играчите ќе слушнат сè од мене, а не преку медиумите“, изјави селекторот на германската репрезентација.

Оливер Бауман ги помина сите младински селекции на Германија. Сепак, неговиот прв повик во А-тимот се случи дури во 2020 година. Четири години подоцна, тој конечно го имаше своето деби во натпревар против Холандија во Лигата на нации и оттогаш има 11 настапи.

Само за потсетување, Мануел Нојер е прв избор во националниот тим со години. Тој одигра 124 натпревари и беше светски шампион во 2014 година.

Германија за противници во групната фаза од СП 2026 ги има селекциите на Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

 

ИЗДВОЕНИ