Отворањето на нов мост помеѓу Детроит, САД, и Виндзор, Онтарио, Канада, кое беше закажано за петок, е одложено, соопшти денес надлежниот орган на мостот.
Во соопштението се вели дека Канада и САД се согласиле да го одложат отворањето на мостот за да ги решат сите отворени прашања, објави Ројтерс.
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека новиот мост ќе им користи на Канаѓаните, Американците, бизнисите, туристите и жителите.












