четврток, јули 30, 2026
Дома БАЛКАН Нивото на Дунав најниско во последните 50 години

Нивото на Дунав најниско во последните 50 години

0

Водостојот на реката Дунав во Србија е на рекордно ниско ниво деновиве. На места реката може да се премиен пеш, а пред некој ден во неочекувано плитките води се насука крузер.

На неколку мерни станици е измерено најниско ниво на водата во последните 50 години. Моментално, најкритично е од Бездан до Сланкамен, каде водостојот е минус 127, што е сериозен предизвик за функционирање на хидросистемот Дунав-Тиса-Дунав, објави Владата на покраината Војводина. Пониско ниво на водата на Дунав во Србија е забележано само во 1909 година, кога изнесувало минус 143. На веб-страницата на РХМЗ е објавена прогнозата за нивото на водата за петок, 31 јули, кога се очекуваат минус 128 во близина на Бездан.

Хидролозите велат дека причина за ниското ниво на водата не е само сушата во Србија, туку и недостатокот на врнежи во речиси целиот слив на Дунав. Посради ваквата ситуација прогласена е вонредна состојба на териториите на градовите Сомбор, Кула и Врбас во Војводина.

 

 

ИЗДВОЕНИ