На билатералната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, меѓу функционерите што седеа на преговарачката маса ниту од американската ниту од кинеската страна немаше жени, објави Си-Ен-Ен.
Трамп и Си седеа еден спроти друг на долга маса, опкружени со повеќе од десетина мажи за време на разговорите во Големата народна сала.
Во Кина, во моментов нема жени во Политбирото, групата високи функционери што ја надгледува Комунистичката партија и централната влада.
Во американската администрација, шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, стана првата жена што ја имаше таа позиција, но таа не допатува со Трамп во Пекинг.
Шефицата за протокол на американската администрација, Моника Кроули, која отпатува во Кина како дел од американската делегација, не присуствуваше на средбата со кинескиот претседател. Според сегашниот состав на администрацијата, во кабинетот на Трамп има четири жени.












