сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРОТ АЗИР АЛИУ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА СТРАНСКАТА КОМИСИЈА: Во девет случаи имало...

МИНИСТЕРОТ АЗИР АЛИУ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА СТРАНСКАТА КОМИСИЈА: Во девет случаи имало непотребно извршени операции

350

Непотребно биле направени девет кардиолошки и кардиохирушки интервенции, објави денеска министерот за здравство Азира Алиу. Тој ги соопшти резултатите на анализите од странската комисија која ги анализираше сомнежите за непотребни кардиолошки и кардиохируршки интервенции во приватни болници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила непотребно извршени операции  кај 9 од вкупно 13 анализирани предмети.

На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса.

– Од анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската Комисија кај четворица пациенти констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со стандарди на клиничка пракса, додека кај девет случаи документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација – соопшти на прес-конференцијата министерот Алиу во врска со резулатите на странската Комисија за проверка на сомнителните случаи, на што прв укажа академик Сашко Кедев.

Тој додаде дека кај останати девет пациенти, според странските експерти, „документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката еваулација“.

-На пример, несогласување на ангиографски наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следува несоодветна индикација за процедурите било ендоваскуларна или хируршка процедура. Во однос на овие случаи, Комисијата оценува дека „одредени аспекти од третманот и водењеот на пациенти биле под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолни влијаеле врз исходот“ – потенцира министерот за здравство

Се работи за пациенти на возраста од 45 до 78 години кои, доколку, сакаат можат да бидат лично информирани за наодите.

-Случаевите се однесуваат на интервенции и постапки во јавните и во приватните здравствени институции – во ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија, ЈЗУ УК за кардиохирургија, Клиничка болница Штип, ГОБ „8 Септември“, ПЗУ „Кардиоарт“ – Штип , ПЗУ „Жан Митрев“ и КБ „Аџибадем Систина“ – наведе министерот.

Тој додаде дека извештајот ќе биде испратен до Владата, Јавното обвинителство, Лекарската комора, ДКСК… Но, Министерството од своја страна не планира да поднесе кривична пријава. Постоењето на незаконски дејствија ќе биде оставено на Јавното обвинителство кое, како што беше кажано, ќе треба да бара нови вештачење доколку оцени дека е потребно и да утврди дали имало умисла со цел да се оштети државната каса. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ