сабота, ноември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА При претрес во Скопје, едно лице е лишено од слобода – пронајдени...

При претрес во Скопје, едно лице е лишено од слобода – пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага

0

На 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

ИЗДВОЕНИ