Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес побара од републиканскиот сенатор Ерик Шмит да се заложи Конгресот што поскоро да усвои законска регулатива за модернизација на контролата на летање, аеродромските кули, терминалите и другата критична инфраструктура, пренесува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на добро упатени извори.
Според изворот, Шмит остварил телефонски разговор со Трамп пред брифинг во Белата куќа, а администрацијата на Трамп испратила писмо до Конгресот со барање за дополнителни 30 милијарди долари наменети за модернизација на системите за контрола на летање.
Сенаторот Шмит, кој е член на Комитетот за трговија, наука и транспорт, во септември го предложи законот „Modern Skies Act“ („Модерни неба“), со кој би се обезбедиле дополнителни 30 милијарди долари за надградба на националната воздухопловна инфраструктура, пренесе „Танјуг“.












